Спаѓа во 12-те големи празници што ги празнува нашата црква.

Објавил: Владо Марин | 20 јуни, 2021 8:55

Денеска е ДУХОВДЕН- празник на светиот ДУХ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е ДУХОВДЕН- празник на светиот ДУХ. ДУХОВДЕН еден од најголемите христијански православни празници.

Спаѓа во 12-те големи празници што ги празнува нашата црква.

Наречен е и Педесетница, бидејќи секогаш е педесет дена по Велигден, а и настанот што му дава смисла се случил токму на еврејскиот празник Педесетница. Познат е и како Света Троица, бидејќи на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух.

Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат.

Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.

Во народното верување тој најповеќе се врзува со душите на умрените.

Се верува дека од Велигден до Духовден душите на умрените се слободни и доаѓаат во близина на своите потомци.
Се празнува три дена, а првиот ден секогаш е во недела. Саботата пред празникот е Духовденска задушница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...