петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Кога Прохор наполнил осум години родителите го испратиле да ја изучува писменоста. Прохор многу напредувал во учењето и со тоа многу ги зарадувал своите родители.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 ноември, 2019 8:55

Денеска е Св. Прохор Пчински

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е Св. Прохор Пчински.

Проподобниот отец Прохор Пчински, подвизувајќи се со добар подвиг во Нагоричанската и Козјачката пустина, се родил за време на царувањето на цар Диоген.

Родителите на светиот Прохор, Јован и Ана, побожно живееле во Овчеполскиот крај. Тие биле натажени луѓе, бидејќи долго време немале деца. Горејќи од желба за деца, тие усрдно везнесувале молитви кон Бога и многу милостиња давале по црквите и сиромашните. Ана зачнала во староста и родила син, кој на крштението добил име Прохор. Кога Прохор наполнил осум години родителите го испратиле да ја изучува писменоста. Прохор многу напредувал во учењето и со тоа многу ги зарадувал своите родители.

Свети Прохор Пчињски починал на 14 септември (с.с.), но поради тоа што на овој ден се празнува големиот празник Воздвижение на чесниот крест (Крстовден) празнувањето на преподобниот Прохор е пренесено на 25 јануари (с.с.).

Кога Прохор ја изучил книжевната мудрост подобро од своите врсници и постанал полнолетен, родителите намислиле да го оженат за да добијат наследници. Но, Прохор не сакал себе си да се окова во земните окови. Горејќи со љубовен пламен кон Господа, тој жеднеел деноноќно да му служи со умот и срцето, со духот и телото. Затоа ја сакал црквата и нејзините богослужби и секој ден одел на молитва. Слушајќи ги зборовите на на Господа Исуса Христа во Евангелието: Кој го љуби таткото свој или мајката своја повеќе од Мене, не е достоен за Меде; и кој ме љуби Мене, нека го земе крстот свој и нека врви по Мене. – Прохор одлучил да го остави светот и сите светски убавини, па целиот да се посвети на Бога. Излегувајќи од црквата, каде ги слушал овие Господови зборови, тој целиот свој имот го раздал на сиромашните и отишол во пустина, пеејќи заедно со пророкот Давид: Душата моја жедува за силниот и живиот Бог. Како што црната жеднее по ведни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе!

Заедно со свети Гаврил Лесновски и свети Јоаким Осоговски во Македонија ја продолжуваше исихастичката монашка традиција.

Подоцна во близина на неговата испосница, подигнат е познатиот манастир Свети Прохор Пчински каде што се наоѓаат моштите на овој светител-чудотворни, т.е. исцелителни, а и мироточиви, што значи дека од неговите коски непрекинато уште од времето по неговата смрт, па досега истекува густо масло со убав мирис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.