Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален, краткотраен и слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јуни, 2020 9:25

Денеска и утре дожд и ветер- од средината на неделата затоплување на времето!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

До крајот на денов, времето во државава ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западната половина на државава. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален, краткотраен и слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа утре и во среда ќе се задржи променливо време со сончеви пеориоди кој ќе бидат подолги претпладне, во попладневните часови ќе има локален дожд, особено во западната половина од државава. Потоа од четврток атмосферата ќе биде постабилна, иако не се исклучува можноста за сосема ретка појава на краткотраен дожд.

Температурите на воздухот, исто така од средината на оваа недела ќе бидат во пораст, што значи времето полека ќе затоплува а температурите ќе се враќаат во оние нормалните за овој период од годината.

Подготви за Фокус: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...