Многумина неговата смрт ја поврзуваа со неговиот последен албум, велејќи дека песните кои се на него звучат како тој да ја чувствувал смртта.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 октомври, 2020 17:00

Денеска навршуваат 13 години од последниот концерт на незаборавениот Тоше Проески(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска навршуваат 13 години од последниот незаборавен концерт на македонското златно грло, Тоше Проески.

Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

На овој ден, 05.10. 2007 година на Градскиот стадион во Скопје, се собраа над 40.000 посетители за да го проследат концертот на Проески кој беше од хуманитарен карактер и беше наменет за обнова на основните училишта во земјата. На овој концерт Тоше го промовираше и својот псоледен албум „Игри без граници“.

11 дена по концертот, односно утрото на 16 октомври Тоше во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, во Хрватска го загуби животот. Многумина неговата смрт ја поврзуваа со неговиот последен албум, велејќи дека песните кои се на него звучат како тој да ја чувствувал смртта.

Тодор „Тоше“ Проески остана една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал сè до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.