Денко Малески како кандидат за претседател на Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 22 јануари, 2019 9:03

Денко Малески е кандидат за консензуален претседател на ДУИ затоа што мајка му е Албанка?

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот министер за надворешни работи и сериозен кандидат за консензуален претседател на ДУИ во неговата колумна објавена на плусинфо, напишал дека млад новинар од дневен весник го запрашал дали е вистина дека неговата мајка е родум од Корча, Албанија. Денко Малески по однос на ова прашање напишал:

Од она што го разбрав, СДСМ предложил имиња на неколку кандидати, но ДУИ ги одбил со образложение дека ниту еден од предложените кандидати немал, како што рече новинарот, албанска „жичка“. Од ДУИ сметале дека јас го исполнувам и тој критериум, со „жичката“, мислам. Незгодно ми е, вели младиот човек, но дали е точно дека вашата мајка е Албанка, родум од Корча. Тоа, „незгодно ми е“, пријатно ме изненади и ме разоружа, па го продолжив разговорот уште некоја минута кажувајки му за времиња кога за прв пат осамна таа вест во една колумна во „Дневник“ посветена на мене, напишана од еден мој  драг колега Ѓорѓи Марјановиќ. И тогаш, пред дваесетина години, не одговорив на тврдењето во колумната дека јас се залагам за правата на Албанците затоа што мајка ми е Албанка. Мислев дека, во политичкиот контекст во кој се користи, непристојно е да се одговори на такво прашање. Ако е вистина, што од тоа, ако не е вистина, се правдам? Пред кого и зошто? Па, сите сме прво луѓе дури потоа Албанци и Македонци. Но, приказната си зеде свој живот и продолжи во времето.

Лазар Еленовски на именувањето за амбасадор во 2012 година собраниската Комисијата за надворешни работи зборуваше и на албански јазик. Тогашната опозициона ДПА критикуваше дали тој е предлог на ДУИ или на ВМРО.

И мајката на Лазар Еленовски е Албанка кој на почетокот се спомнуваше исто така дека е кандидат за ДУИ за консензуален претседател. Лазар Еленовски одлично го владее и албанскиот јазик, но не поминувал добро во СДСМ со оглед на тоа што беше именуван за амбасадор на Македонија во НАТО токму од претходната Влада. 

Прашањето е дали консензуалниот претседател што би го поддржала ДУИ мора да има “албанска жичка” како што пишува и самиот Малески во колумната или пак тоа да биде човек кој без разлика на етничката припадност ќе го обединува граѓаните врз основа на концепт и приницпи ? 

  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести