Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, додека нешто постудено ќе биде утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 јануари, 2021 11:58

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПРОДОЛЖУВААТ ЧЕСТИТЕ И ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ, ПОВРЕМЕНО СО ЗАСИЛЕН ВЕТЕР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И понатаму продолжува периодот на претежно облачно време со врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Сепак најинтензивни врнежи ќе има во западните предели од државава каде до вторник локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 80 л/м2).

На планините пак особено на северозапад и во Шар Планинскиот предел врнежите ќе бидат претежно од снег каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува.

Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец, додека денес во вечерните часови и во текот на ноќта кон утрешниот ден и тоа Долж Повардарието ќе започне да дува северен ветер кој повремено ќе засилува со што услови за провејување на снег ќе има и на помала надморска височина и тоа на северот од државава.

Поинтензивните врнежи барем според моменталните анализи може да се очекуваат до вторник.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, додека нешто постудено ќе биде утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...