До крајот на денов во државава времето ќе биде променливо облачно со локални послаби врнежи од дожд а на планините од снег.

Објавил: Владо Марин | 28 март, 2020 9:07

ДЕТАЛНА ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Следува покачување на температурите во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов во државава времето ќе биде променливо облачно со локални послаби врнежи од дожд а на планините од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно а ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец додека максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 12 степени.

Потоа во текот на утрешниот ден ќе имаме значително постабилно и потопло време, ќе има и повеќе сончеви периоди но сепак ќе има услови и за сосема ретка појава на сосема слаб дожд.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени. Во понеделник особено кон крајот на денот и навечер се очекуваат нови локални врнежи од дожд и снег на планините.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...