Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална, повремено и со позначителна облачност.

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 февруари, 2020 9:25

ДЕТАЛНА ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Стабилно време за викендов, од вторник дождови и врнежи од снег

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За време на овој викенд, под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса ќе имаме стабилизирање на временската состојба кај нас.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална, повремено и со позначителна облачност.

Особено долж Повардарието во текот на претпладнево ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, во текот на денот ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од јужен правец.

Максималните дневни температури во текот на денешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, утре истите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Во текот на ноќта кон понеделник како и во понеделник, особено на северозапад и на запад ќе има нови повремени врнежи од дожд, на високите планини врнежите ќе бидат претежно од снег.
Според најновите анализи, нов поголем влажен бран од запад ќе ја зафати нашата држава во вторник и тоа особено доцна попладне и навечер и ќе услови нови врнежи кој ќе бидат од дожд, снег ќе паѓа само на највисоките планини.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...