Според направените моментални анализи зимата 2019/2020 во нашиот дел од Европскиот Континент ќе биде во границите на просекот со просечни или типични температури на воздухот за тој дел од годината с

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 октомври, 2019 20:14

ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ЗИМА 2019/2020: Врнежи од снег и снежна бајка во зимскиот период!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со оглед на тоа дека десетиот месец од годината полека поминува а за дестина дена навлегуваме во месец ноември а времето е невообичаено топло за овој дел од годината со температури кој се повисоки од нормалните дури за околу десет степени, така ќе продолжи и во следните денови. Сепак во меѓувреме пристигна и деталната метео анализа за зима 2019/2020.

Според направените моментални анализи зимата 2019/2020 во нашиот дел од Европскиот Континент ќе биде во границите на просекот, со просечни или типични температури на воздухот за тој дел од годината со сосема мали позитивни отстапувања од повеќе годишниот просек во поглед на температурите на воздухот.

Со ова има можност повремено и за спуштање на ЕКСТРЕМНО СТУДЕНИ воздушни воздушни маси од Арктикот кој би ги спуштиле температурите на воздухот и под -20 степени, што е сосема нормална појава за нашиот дел од европа во текот на зимскиот период.
Во поглед пак на врнежите во сите зисмки месеци, истите би биле малку под просекот или би имале нешто помалку врнежи, но сепак снегот нема да изостане.

Повремено со спуштање на студените воздушни маси од Арктикот и северот и од североистокот од Европа и истите судирајќи се со топлите морски воздушни струења над нашите краишта, би дошло до формирање на циклонски системи кој условуваат врнежи од снег и снежна бајка во зимскиот период.

Славчо Поповски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...