Македонското министерство за надворешни работи наиде на потсмев кај колегите во регионот откако министерот редовно ја коментира и критикува руската надворешна политика

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 ноември, 2018 7:59

Димитров пак и се “скара” на Русија, твитна за украинското “прашање”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Шефот на македонската дипломатија не прекинува на сите можни начини да и контрира на Руската Федерација, што истакнати дипломати го ценат како преседан во кој гледаат личен конфликт а не официјален став.

Имено во врска со инцидентот со задржаните украински бродови од Русија во теснецот Керч се огласи и Министерство за надворешни работи на Македонија со поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Поддршката беше пренесена на официјалниот твитер профил на министерството.

Длабоко сме загрижени за ескалацијата на тензиите во Азовско Море и за последиците по мирот и стабилноста. Во согласност со ЕУ ЦФСП (Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ), повикуваме за воздржаност, деескалација и целосно враќање на слободата на минување низ Керчки теснец. Ги поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. – објави македонското МНР на својот профил на Твитер.

МНР на Украина ја ретвитна оваа објава, додека дипломатите прашуваат каква врска имаат односите помеѓу Русија и Украина со Македонија?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести