Рокот за формирање на ДИК истече на 29 јуни

Објавил: admin@magazin | 8 јули, 2018 16:59

Димовски : Нема да закажам комисија за ДИК додека партиите не дадат зелено светло

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Димовски вели дека доколку партиите не дадат зелено светло, а тој ја почне постапката се ќе биде залудно бидејќи нема да успее процесот и потоа ќе треба целата постапка да оди од почеток, со нов оглас, нов рок за кандидатури што би се изгубило дополнително време.

Нема да закажам комисија за избор на членови ДИК додека партиите не се усогласат и не дадат зелено светло“, вели за ТВ 24 претседателот на комисијата за избори и именувања Илија Димовски.

ВМРО ДПМНЕ порача дека за опозицијата да гласа за ДИК, најпрво треба да бидат донесени законот за финансирање на партии и законот за Влада во кој ќе влезе пржинската техничка Влада како услов пред секои избори, како што велат било договорено пред ВМРО ДПМНЕ да се врати во Собранието и да да де поддршка за реформските закони.

Од СДСМ одговорија дека опозицијата намерно го блокира процесот и го одовлекува изборот на ДИК и секојдневно додава нов услов за поддршката во преговорите.

Рокот за формирање на ДИК истече на 29 јуни. Новиот состав ќе има шестмесечен мандат и ќе биде задолжен за референдумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести