Димовски на својот Твитер профил се обрати до власта и објави статус поврзан со одбивањето на Македонија за отпочнување на преговори со ЕУ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2019 21:07

Димовски удри по власта: Да потпишеш договор и за возврат да добиеш само тапшање е промашена стратегија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото :политички.мк

По денешната средба на Советот на министрите од Луксембург, каде Македонија не успеа да добие датум за преговори за ЕУ, се огласи и пратеникот Илија Димовски од опозициската партија ВМРО.

Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 10.8.1980 година во Велес. Македонец. Дипломиран правник на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје. Постдипломец на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје.

Димовски на својот Твитер профил се обрати до власта и објави статус поврзан со одбивањето на Македонија за отпочнување на преговори со ЕУ.

Димовски вели дека владеачката партија има промашена стратегија, а тоа се докажува со тоа што и по потпишувањето на договорот од Преспа, Македонија доби како што вели само тапшање по рамо.

-Да потпишеш договор како оној од Нивици и за возврат да добиеш само тапшање и неколку убави зборови од ЕУ (што и беше причина за договорот и референдумот) е доволна причина да признаеш промашена стратегија. Лани ни одложија за една година, годинава за пола, напиша Димовски.

Димовски напиша и дека Македонија е најпрепорачувана држава за членство во ЕУ.

ЕК пред десет години утврди дека ги исполнуваме условите за преговори. И да, имаме многу проблеми, хаос и нефункционални установи, НО подобри сме од некои членки на ЕУ, пишува Димовски и дополнува дека ЕУ денес и удри шамар на Владата.

Тој пишува дека веројатно денешниот случај ЕУ го земала предвид тоа што се случува во државата, како што вели тој  партизација и прогон за корупција, но Димовски вели дека ЕУ им должи на граѓаните на Република Македонија….

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести