Во опуштена домашна атмосфера со кафенце на маса, Сања и Ѓокица скенираат фискални сметки, приклучувајќи се на промоција на апликацијата „Мој ДДВ“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 октомври, 2019 10:28

Директорка на УЈП е ќерка на познатиот актер – викендов заедно скенираа сметки (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сања Лукаревска, директорката на УЈП на социјалните мрежи објави фотографија на која таа заедно со нејзиниот татко, кој на јавноста и е познат како еден од најдобрите актери во земјава Ѓокица Лукаревски.

Директорката на УЈП заедно со нејзиниот татко скенира фискални сметки

Во опуштена домашна атмосфера со кафенце на маса, Сања и Ѓокица скенираат фискални сметки, приклучувајќи се на промоција на апликацијата „Мој ДДВ“.

Во описот на фотографијата Сања напиша„Скенираме“.

Инаку Сања дипломирала на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2005 година.
Својата професионална кариера ја започнува токму во Управа за јавни приходи.

Сепак таа решила да не тргне по стапките на својот татко кој е еден од најпознатите македонски актери познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации

Веднаш по дипломирањето на Факултетот за Драмски уметности во Скопје тој се вработил во Драмски театар – Скопје. 

Познат е по улогите во филмовите: Исправи се, Делфина (споредна улога), Мирно лето, Црно семе, Трст виа Скопје, Тетовирање, Хихирику и уште многу други.

За оние кои сепак сакаат да ги скенираат своите сметки апликацијата МојДДВ е достапна за симнување преку следниот линк МојДДВ.
Сите кои се регистрирани на системот “е-Персонален данок“, преку апликацијата МојДДВ ќе иматаат можност да гo скенираат баркодот од фискалните сметки и да го остварат правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.

Граѓаните кои не се регистрирани, може да се регистрираат на “е-Персонален данок и со скенирање на фискалните сметки да го остварат правото на поврат на ДДВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.