Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Објавил: Мартин Попоски | 22 февруари, 2020 12:03

ДОАЃА ЛЕТО ВО ФЕВРУАРИ: Температурите во пораст- детална временска прогноза

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес особено во северните предели од државава, и тоа особено претпладнево ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Во Скопје и околината ќе има услови за сосема слабо и локално проврнување на дожд и на снег и тоа особено претпладнево, максималната дневна температура ќе досстигне до околу 9 степени.

Потоа во следните неколку денови нашата територија ќе биде под влијание на претежно стабилна, сува и потопла воздушна маса. Времето ќе биде сончево, повремено со умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот во понеделник и тоа особено долж Повардарието и на исток ќе биде со умерен до засилен интензитет.
Сепак и покрај ова од утре па во следните неколку денови температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст, на самиот почеток од следната недела максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината понатаму ќе има претежно стабилно и суво време со пораст на максималните дневни температури на воздухот, истите на почетокот од следната недела ќе се искачат до околу 15 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...