Дорис Пак потенцираше дека на луѓето од Западен Балкан треба да им се понуди нешто конкретно за да тие се почувствуваат како европјани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 декември, 2019 20:00

Дорис Пак: Одлуката наМакрон за вето за Македонија и Албанија беше непромислена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за МИА, поранешната германска европратеничка Дорис Пакистакна дека францускиот претседател Емануел Макрон направил грешка со своето противење за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Францускиот претседател Емануел Макрон  одби да даде зелено светло на Македонија да започне разговори за пристапување во Европската унија и предводеше група водачи кои блокираа отворање разговори и со Албанија, и покрај загриженоста за кинеското и руското влијание на Балканот.

Дорис Пак потенцираше дека на луѓето од Западен Балкан треба да им се понуди нешто конкретно за да тие се почувствуваат како европјани.

Тоа беше непромислено ‘не’, тоа беше не од некој кој не го познава регионот. Не знам зошто Макрон го направи тоа. Секогаш велам дека тоа е како: ‘Јас сум кралот и тоа што го кажувам е вистината’. Но, со тоа тој остави можност други сили да дојдат во регионот, и тие се веќе тука. Тие се зад завесата, но тие се тука. Тоа се Русите, Кинезите, Ердоган… Тие не сакаат демократија таму, тие сакаат да заработуваат пари или да создаваат проблеми за Европската Унија. Таа одлука беше навистина глупава. За жал тој е претседател на голема земја и според мене тој веднаш сфати дека згреши со неговата одлука, и поради тоа го направи документот со седумте точки за измена на постапката на преговорите, вели Пак.

Дорис Пак е против францускиот документ од седум точки и бара ново решение кое на граѓаните на земјите од Западен Балкан ќе им овозможи да се почувствуваат како европјани.

Јас не сум за тој документ, бидејќи за секоја точка треба да се праша Советот и секогаш има некој кој е против. Затоа мислам дека треба да се најде некој друг инструмент, односно истовремено со преговорите на еден начин тие треба да влезат во економијата на ЕУ, како тоа што го имаме со економската заедница, во која на пример ја има Норвешка. Треба да се внесат луѓето, кои се разочарани кои страдаат, но со една таква одлука можеме да им покажеме што значи да се биде европјанин и да се биде со другите европјани. Затоа сметам дека треба да се најде начин, вели Пак.

Поранешната германска европратеничка, додава дека за ова ќе се зборува со ново избраната претседателка на Европската комисија.

Ние ќе зборуваме со Урсула фон дер Лејен и одлучни сме да најдеме нова можност за да им се даде шанса на Македонија и на Албанија. Правам разлика меѓу Македонија и Албанија, бидејќи во Албанија политиката е катастрофална и треба да се направи многу. Поради тоа Бундестагот ја донесе својата одлука, посочува Дорис Пак.

Сепак, таа бара и политичарите од земјите од регионот да работат во интерес на своите граѓани.

Останува уште многу да се направи, но луѓето во Албанија, Србија, исто како и во Македонија имаат потреба од политика, која ги има како цел граѓаните и нивните интереси, а не нивните сопствени џебови, вели Пак во изјавата дадена за дописникот на МИА од Сразбур.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести