Со денешната прва пратка на вакцините од компанијата Фајзер кои пристигнаа од Република Србија ја почнуваме вакцинацијата во Северна Македонија.

Објавил: Владо Марин | 14 февруари, 2021 16:28

Досега 4000 здравствени работници пријавени за вакцинација, почнуваме во среда со медицинскиот тим во модуларната болница во Клинички центар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со денешната прва пратка на вакцините од компанијата Фајзер кои пристигнаа од Република Србија ја почнуваме вакцинацијата во Македонија.

Македонскиот здравствен систем е целосно спремен за имунизација на населението. Први ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Првите 4680 од вкупно 8000 вакцини од Србија се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија.

Вакцините се развиени на безбедни платформи и со истите ќе го спречиме ширењето на КОВИД-19 вирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...