Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност.

Објавил: Владо Марин | 19 март, 2020 9:58

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Од недела дожд и снег во земјава!

Фото/Текст извор: ©Магазин

До крајот на денов во државава времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе има појава и на мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 18 степени.

Потоа во следните два дена ќе продолжи претежно стабилното, суво и топло време. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Во недела во текот на денот ќе започнат врнежи од дожд а локално ќе има услови и за развој на нестабилност проследена со дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за сосема редок град.

Максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Во текот на ноќта недела кон понеделник на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, и тоа поради почеток на продор на значително постуден воздух од север и од североисток.

Од понеделник па натаму ќе имаме значително постудено време а температурите ќе бидат под просекот за овој дел од годината. Тогаш услови за врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места.

Исто така на некои места се очекува и формирање на снежна покривка, особено на повисоките места и на планините. Сето ова ќе биде проследено и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...