Урсула Гертруд фон дер Лејен со интересна животна приказна

Објавил: Узунов Бобан | 3 јули, 2019 9:01

Еве која е новата претседателка на Европската комисија: Студирала медицина под скриен идентитет и има седум деца !

Фото/Текст извор: ©магазин

Урсула Гертруд фон дер Лејен германскa политичарка која служи како министер за одбрана на Германија од 2013 година е новата претседателка на Европската комиисија, се договорија европските лидери на последната средба на Европскиот совет. Како член на централнодесничарската Христијанска демократска заедница (ЦДУ),  е првата жена во германската историја на позицијата министер за одбрана. 

Дали новата претседателка на Европската комисија ќе има позитивен став за европската перспектива на Македонија и ќе ја следи политиката на нејзината досегашна шефица Ангела Меркел ? 

Урсула фон дер Лејен е во брак со Хеикон фон дер Лејен, професор по медицина  и имаат седум деца

Родена и израсната во Брисел, францускиот и германскиот јазик ги зборува перфектно, лекар по професија со успешна кариера во политиката. Таа е единствениот министер кој непрекинато служеше во кабинетот на Ангела Меркел уште од 2005 година, најпрво како министер за семејни прашања и млади од 2005 до 2009 година, потоа како министер за труд и социјални работи од 2009 до 2013 година, пред да стане министер Одбрана во 2013 година до денес. 

На 2 јули 2019 година, фон дер Лејен беше номинирана од Европскиот совет на функцијата претседател на Европската комисија. Ако биде потврдена од Европскиот парламент, таа ќе биде првата жена и првиот Германец од Валтер Халштиајн да ја задржи функцијата. 

Студирала медицина под скриен идентиет поради закани од терористи

Урсула фон дер Лејен е родена во Ичелс, Брисел, каде нејзиниот татко Ернст Албрехт работел како еден од првите европски државни службеници од основањето на Европската комисија во 1958 година. Живеела во Брисел до нејзината 13-годишна возраст  Во 1971 година семејството се преселило  во Хановер откако нејзиниот татко стана главен извршен директор на Балсон каде извршувал високи функции во Долна Саксонија меѓукои и премиер на Долна Саксонија од 1976 до 1990 година.


Таа студирала економија на Универзитетот во Гетинген и Универзитетот во Минстер од 1977 до 1980 година и поминала еден семестар на Лондонската школа за економија во 1978 година.  Додека студирала во Лондон, го користела псевдонимот “Роуз Ладсон” бидејќи во тој период како ќерка на познат политичар,  се сметала за потенцијална цел за западногерманските комунистички терористи.  Името “Röschen” (“Rosie”) е нејзиниот прекар уште од детството.  Во 1980 година, таа се префрлила на студирање медицина и се запишала на Медицинскиот факултет во Хановер, каде што и дипломирала во 1987 година. 


Урсула фон дер Лејен е потомок на баронот Лудвиг Кнуп, трговец со памук од Бремен и еден од најуспешните претприемачи на руската империја од 19 век. Таа е внука на диригентот Џорџ Александар Албрехт и првиот братучед на диригентот Марк Албрехт. 

Таа е во брак со Хеикон фон дер Лејен, професор по медицина, извршен директор на компанија за медицински инженеринг и член на семејството фон дер Лејен, аристократско семејство, познати како трговци на свила и индустријалци. Таа го запознала во универзитетскиот хор во Гетинген. Тие имаат седум деца, родени помеѓу 1987 и 1999 година. Семејството фон дер Лејен се лутерански припадници на Евангелската црква на Германија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести