Бугарија му одобри на рускиот авион што ќе го испорача Панцир-С1 на Србија за лет над нејзиниот воздушен простор, објави бугарското Министерство за надворешни работи за БГНЕС.
„По одобрувањето на министерот за одбрана и координацијата со Министерството за транспорт, информатичка технологија и врски, во согласност со важечката регулаторна постапка, беше даден позитивен одговор за летот на руски авион за испорака на противвоздушниот ракетен комплекс Панцир-С1 за Србија“.
Вчера, Атлантскиот совет на Бугарија се запраша дали бугарските министерства дале дозвола за пуштање руски авион низ Бугарија.
Русија исто така во следните неколку месеци ќе го испорача на Србија ракетниот систем „Панцир С“, согласно потпишаниот договор, изјави неодамна директорот на руската Агенција за увоз и извоз на одбранбени производи „Рособоронекспорт“ Александар Михејев. Тој потенцираше дека сè се одвива според планот и нема да има одложувања.
– Ракетните системи се составуваат, а српски специјалци се на обука, изјави Михејев за руската агенција ТАСС.
„Панцир С“ е топовско-ракетен систем, кој обединува ракети земја-воздух, два топа со калибар 30 мм, набљудувачки и нишански радар, и електрооптички блок за надзор и управување со стрелба. Основна намена на системот е заштита на важни точки, како што се аеродроми, командни места, комуникациски центри и слично. Наменет е за одбрана од авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети, беспилотни летала и наведувани бомби
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.