Премиерот на Албанија, во паника од пропаднатиот референдум, заборави дека повик до електорат на друга држава на сред изборен процес е мешање во внатрешни работи

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 15:09

Еди Рама во паника на сред изборен ден повикува масовно да се гласа во Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи на Македонија, Антонијо Милошоски, на социјалните мрежи го искоментира твитот на премиерот на Албанија, Еди Рама.

Твит апелот на премиерот на Албанија, Еди Рама до електоратот во Република Македонија на сред изборен процес.

Имено по објавата дека до 13 часот во Македонија на тековниот референдум својот глас го дале нешто околу 16 отсто од електоратот, премиерот на Албанија заборави дека референдумското изјаснување е во соседна држава, па ги повика граѓаните што е можно помасовно да излезат и да гласаат.

Милошоски на ваквиот твит од официјалниот профил на премиерот на Албанија искоментира:

“Еди (Паника) Рама,

незадоволен од слабиот одзив на гласачите за смена на името и Уставот на Македонија, апелира на сред изборен ден, Албанците да гласаат помасовно.

И потоа Русија или Кина се мешеле во кампањата.

Немој не ме радуј!”

Имено коментарот на Милошоски се однесува за најголемиот преседан со мешање во внатрешните работи на Република Македонија по низата странски дипломати и државници кои јавно агитираа за поддршка на референдумот.

Рама за сметка на своите колеги отиде чекор понатаму и на сред изборен ден се обрати на македонските државјани со албанско етничко потекло.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести