Тешка несреќа се случи утрово еден час по полноќ, на магистралниот пат Струмица-Радовиш.

Објавил: Перо Милчин | 21 јули, 2019 16:33

ЕДНО ЛИЦЕ ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ: Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица-Радовиш!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Тешка несреќа се случи утрово еден час по полноќ, на магистралниот пат Струмица-Радовиш, при што едно лице го загуби животот.

Ноќеска на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делницата за Струмица до Василевска раскрсница, Ј.Ц.(33) од с.Ораовица, радовишко, управувајќи патничко возило „Опел зафира“ со радовишки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(40) од Радовиш, по што излетал надвор од коловозот.Ј.Ц. починал на местото на настанот.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди, што се случиле изминативе 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...