Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Објавил: Владо Марин | 16 јуни, 2020 17:40

ЕКСКЛУЗИВНА ВЕСТ ОД ВЛАДАТА: Од утре се отвораат сите граници во Република Македонија- еве што е одлучено!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владата донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Додека пак Австрија од полноќ ги отвори своите граници, односно го укина задолжителниот карантин и PCR-тестот за државјаните на земјите членки на Европската Унија, Европската економска заедница и ЕФТА, освен за Велика Британија, Шведска, Шпанија и Португалија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести