Дали Ципрас ќе му стави јамка околу вратот на Заев преку продуцирање на политичка криза во Грција

Објавил: Узунов Бобан | 9 јануари, 2019 10:14

ЕКСЛУЗИВНО: Владата на Ципрас се распаѓа

Фото/Текст извор: ©екатемерини /магазин

Весниот Екатемеринини во своето електронско издание денеска тврди дека коалцијата помеѓу Ципрас и Каменос ќе се распадне. Дилемата која оправдано се наметнува во Македонија, дали Македонија денеска ќе го смени името, а Зоран Заев ќе остане со куси ракави доколку во Грција следи политичка криза поради која нема да се ратификува Преспанскиот договор.  

Гласањето за Преспанскиот Договор предизвикува неизвеснот во Грција, откако тензиите продолжија да се зголемуваат меѓу левичарската партија СИРИЗА на премиерот Алексис Ципрас, која го поддржа договорот и коалицискиот партнер Независни Грци (АНЕЛ), чиј водач Панос Каменос се противи на тоа, предвидено е двајцата да се сретнат во петок. Во меѓувреме, двата табори се подготвуваат за евентуалното распаѓање на владината коалиција.

Пред планираните разговори со Ципрас, Каменос ќе се сретне со своите пратеници во среда изутрина. Средбата на Каменос се очекува да биде напната, бидејќи некои пратеници од АНЕЛ даваат сигнали дека би можеле да го поддржат договорот за името со  Македонија, на тој начин спротиставувајќи се со позициите на Каменос кој рече дека ќе гласа против. 

Византиски игри во Грција. Дилемата е дали Каменос има намера да ја руши Владата на Ципрас или Преспанскиот договор.

Ципрас се очекува да се состане со Каменос во вторник, во обид да ги смири тензиите, но на крајот состанокот бил одложен за петок.

Премиерот треба да даде интервју на телевизиски канал Опен во среда вечер. Првично интервјуто закажано за вторник, беше одложено за во среда, очигледно да му се дозволи на премиерот да го фаворизира исходот од состанокот на Каменос со неговите пратеници. Каменос исто така планираше посебно телевизиско интервју за среда, иако имаше шпекулации во вторникот дека ќе го откаже.

Во меѓувреме, владините претставници се обидуваат да направат баланс: обидувајќи се да обезбедат поддршка од пратениците на АНЕЛ за договорот за името, без тоа да значи раскинување на коалицијата со помалиот коалициски партнер. Од друга страна, центристот Потами рече дека ќе го поддржи договорот за името, но не би ја поддржал владата во случај на поднесување на гласање за доверба.

Како што дебатата се интензивира за тоа како треба да се менаџира процесот на растурање на владината коалиција, во двата кампови веќе ги договараат нивните следни потези.

Помалите партии ја оценуваат можноста за соработка со СИРИЗА. Т.н. Движење за Здружување на центар-левичарските партии во недела организира настан во Атина, на кој  би можел да се обрати и Ципрас.

Владата инсистира на тоа дека ќе има мнозинство ако Каменос ја напушти коалцијата, но го отфрли повикот на конзервативната Нова демократија за гласање на доверба, предизвикувајќи ги во исто време да поднесат таков предлог во Парламентот 

Лидерот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, во средата ќе се обрати на политичкиот комитет на партијата, истакнувајќи дека владата на Ципрас е “штетна” за земјата.

Парламентот на Македонија се очекува да одржи последно гласање за договорот во средата, отворајќи го патот за грчкото гласање во наредните денови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.