Таа постојано е интересна за медиумите, но во последно време беше актуелна веста дека таа се разведува од својот сопруг, и дека има ново момче, но пред камерите на „Бекстејџ“ таа реши да проговори и да ја каже вистината.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 август, 2019 0:39

Елена Велевска конечно прозборе за својот брак- пејачката откри дали се разведува

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата македонска фолкерка, пејачката Елена Велевска конечно прозборе за својот брак.

Таа постојано е интересна за медиумите, но во последно време беше актуелна веста дека таа се разведува од својот сопруг, и дека има ново момче, но пред камерите на „Бекстејџ“ таа реши да проговори и да ја каже вистината.

Таа отворено прозборе дали навистина се разведува и дали има нова љубовна врска.

-Ново момче сигурно нема. Не сме разведени и не знаеме што животот носи, не сакам да коментирам што ќе биде и како ќе биде. Ако кажам дека нешто ќе биде подоцна можеби и нема да се случи. Бевме во јуни месец на фамилијарен одмор, сега повторно ќе одиме на 13 август заедно со децата, вели Велевска за „Бекстејџ“.

Пејачката и сопругот со кој има три деца си дадоа втора шанса на бракот, иако пред одреден период во медиумите одекна веста дека пејачката се разведува поради семејно насилство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.