Сосема различен впечаток и спротивен на првиот пуштен од Заев се добива кога ќе се слушне подолгата верзија. Овој објавен разговор кој одговара на многу прашања и разјаснува многу дилеми. Од разговорот може да се чуе дека Груевски и Јанкуловска ниту имаат врска со yбиcтвото ниту со негово прикривање.

Објавил: Весна Петровска | 12 јули, 2019 17:11

Ел Чека го дообјаснува случајот „Нешковски“ – дали Заев манипулирал со фабрикуван материјал?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Дали премиерот Зоран Заев сакал да манипулира со случајот Мартин  Нешковски?  Новата бомба која одекна на социјалните мрежи во која може да се слушнат поинакви моменти од оние кои Зоран Заев ги објави во јавноста создава нова слика на случајот.

 

Верзијата на Ел Чека од истиот разговор е дванаесет минути и дваесет секунди.

Сосема различен впечаток и спротивен на првиот пуштен од Заев се добива кога ќе се слушне подолгата верзија. Овој објавен разговор кој одговара на многу прашања и разјаснува многу дилеми. Од разговорот може да се чуе дека Груевски и Јанкуловска ниту имаат врска со yбиcтвото ниту со негово прикривање.

Оригиналната снимка која Чека ја објавил во понеделникот, а вчера вечер беше избpишaнa завчера се појави на руски видео сервис од aнoнимeн профил.

Груевски се огласи насоцијалната мрежа Фесјбук по објавената бомба и вели дека ваквиот потег на Зоран Заев е монструозен. 

-Свесно манипулираше со народот… Со семејствата на Мартин Нешковски, Никола Младенов, убиените деца кај Смилковското езеро, со искрените луѓе кои верува на се што слушаа и што им беше сервирано, но и со целата домашна и меѓународна јавност, домашни и странски медиуми и политичари.

Монтираниот аудио матерјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната “бомба” чија “ експлозија” требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел колкуминација на политичката криза која ја создаде.
Во таа криза ја гледаше својата шанса за доаѓање на власт, бидејќи поинаку беше инфериорен и беше и остана неконкурентен политичар надвор од локалното ниво, по речиси сите критериуми.

Ова не е прв ваков случај каде се гледа како манипулирал со снимките и со народот за да не прикаже во најлошо светло. Пред некоја недела се појави целовита снимка на веќе објавена снимка во скратена “Заева” верзија во која изоставил еден дел каде се гледа како наши високи функционери одбиле поткуп, кој Заев ни во сон не би го одбил.

Народот го измами со купишта вакви фабрикувани матерјали и измами.

Остана доследен само на ветувањето дека ќе ги прифати сите барања на соседите во однос на македонското национално прашање, а за возврат да добие поддршка да владее на ист начин како во што видовме како претходно владеел во Струмица. Но тоа ветување не беше кон народот чие мнозинство не можеше да поверува дека такво нешто е подготвен да направи исто како што многумина неверуваа дека е можно да монтирал снимени разговори за да добие ефект кој го посакува.

Прво монтирани снимки кои создаваат “експлозија од емоции” кај народот, а потоа по доаѓањето на власт нова измама преку притисок и наредба на судиите да ги прифатат овие монтирани снимки како клучни докази и шокантно и без објаснување како никаде во светот, да не прифатат нивно судско вештачење на нивната целовитост и автентичност.

Целта повторно монструозна и нечовечка: своите политички конкуренти да ги заглави по судови, притвори, затвори и да бидат уништени во секоја смисла. За да владее по неговиот испробан терк “едно евро за вицето” што подолго.

Баш фашистички монструозно.

Каков нечовек треба да е некој за вака да ги остварува своите цели?, стои во статусот на Груевски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести