петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Ахмети вчера во говор од скопски Сарај порача дека прислушуваните разговори на Ел Чека му се од УДБА.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јули, 2019 11:46

Ел Чека со директни закани до Ахмети: Ќе те убие албанска крв!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ел Чека, кој е познат во јавноста како кичевски бомбаш кој живее во Чикако, на својот Фејсбук профил упати директна закана по живот до лидерот на ДУИ Али Ахмети, испровоциран од вчерашниот говор на Ахмети.

Кичевскиот бомбаш Ел Чека упати директна закана по живот на Али Ахмети

Ахмети вчера во говор од скопски Сарај порача дека прислушуваните разговори на Ел Чека му се од УДБА.

– Али Ахмети рече дека прислушуваните разговори ми ги дала УДБА. Која УДБА? Бидејќи колку што знам јас, ти имаше нивен пасош. Се сеќаваш ли како чичко Суљо на аеродромот во Цирих ти го најде пасошот со име Александар Антиќ, со твоја фотографија. Ти самиот си УДБАШ, шизофрен со документ. Не ја споменувај ОНА, бидејќи ги срамиш паднатите борци. Не остана Албанец кого ти не си навредил. Сину на торбешка, која едвај зборуваше албански, тие Изетите што ги праќете за да донесат пари за моја ликвидација држи ги малку поблиску до себе за да ве најдеме сите заедно, да не се измориме барајќи ве. Ја задржа власта лееќи албанска крв. Но таа крв ќе те убие Антиќу. Се гледаме наскоро, напиша Ел Чека.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.