Протестот се случи откако беше објавен извештајот на ФБИ во врска со случајот на Кавано

Објавил: Данаил Михајловски | 6 октомври, 2018 15:44

Емили Ратајковски уапсена во Вашингтон

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Манекенката Емили Ратајковски и комичарката Ејми Шумер беа меѓу 302-те лица кои вчера беа уапсени на демонстрациите против номинацијата на Брет Кавано за Врховниот суд на САД, што се одржаа пред американскиот Сенат во Вашингтон.

Стотици луѓе изразија незадоволство против номинацијата на Кавано, откако три жени го обвинија за сексуално злоставување, пренесува Си-ен-ен. Протестот се случи откако беше објавен извештајот на ФБИ во врска со случајот на Кавано, кој ги негираше обвинувањата.

Шумер потврди дека е уапсена, во изјава за Си-ен-ен, додека Ратајковски се огласи преку социјалните мрежи.

Бев уапсена, протестирајќи ја номинацијата на Брет Кавано, човек кој е обвинет за сексуални напади од страна на повеќе жени. Мажите кои ги повредуваат жените веќе не можат да бидат на власт – напиша Ратајковски на Твитер.

Кавано, како и една од жените кои го обвинија, сведочеа пред комитет на Сенатот. Се очекува гласањето за номинацијата на Кавано да биде во следните неколку дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.