Откако САД не им го испорача свештеникот Ѓулен, а Турција го притвори американскиот свештеник Бренсон, односите САД - Турција одат по надолна опасна линија

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 10:43

Ердоган: Турција нема да бара дозвола за купување на рускиот систем С-400

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција не мисли од никого да бара дозвола дали смее да го купи рускиот ракетен систем С-400.

– Имаме договор со Русија за ракетите С-400 и некои се загрижени поради тоа. Жалам, но ние не прашуваме за дозвола, изјави Ердоган при посетата на Киргистан. Руските производители најавија дека системите ќе бидат испорачани во Турција во март 2020 година, јави Танјуг.

Односите на Турција и САД се во сериозна надолна линија поради одбивањето на Американците да го екстрадираат турскиот свештеник Фетула Ѓулен да му се суди за организирање на обидот за државен удар во 2016 година. САД пак бараат од Турција да го ослободи американскиот свештеник Ендрју Бренсон.

Поради спорот околу екстрадицијата, како и турската набавка на системот С-400, САД се заканија дека ќе го раскинат договорот за заедничко производство и испорака на борбените авиони Ф-35 на Турција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести