Раководството на „Танец“ и сите вработени изразуваат длабоко сочуство до неговото семејство и сите колеги со кои ја делеше сцената повеќе од четири децении.

Објавил: admin@magazin | 1 јануари, 2021 19:56

ЖАЛНА ВЕСТ: На 53 години почина познатиот македонски виолинист ЗОРАН ЏОРЛЕВ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На неполни 54 години, прерано замина познатиот виолинист, музички предагог, поранешен член на оркестарот на Македонската опера и балет, телевизиски шоумен и поранешен директор на НУ „Танец“, Зоран Џорлев.

Раководството на „Танец“ и сите вработени изразуваат длабоко сочуство до неговото семејство и сите колеги со кои ја делеше сцената повеќе од четири децении.

Вечна ти слава,
НУ ТАНЕЦ

Зоран Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче.

Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар.

Зоран Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче.

Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност.

Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје.

Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.

Од Министерството за здравство за „360 Степени“ потврдија дека Џолев се лекувал од ковид-19, но денеска ја загубил битката со вирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam