Моменталната проценка води дека гледаме можност за Македонија да започне преговори со ЕУ, а таква можност не гледаме за Албанија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 ноември, 2019 23:28

ЖЕЖОК ШАМАР ЗА АЛБАНИЈА ОД ХОЛАНДИЈА: Македонија може да започне преговори со ЕУ, Албанија НЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Амбасадорот на Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп изјави дека неговата земја моментално гледа можност Македонија да започне преговори со ЕУ, но не и со Албанија.

Моменталната проценка води дека гледаме можност за Македонија да започне преговори со ЕУ, а таква можност не гледаме за Албанија, рече во интервју амбасадорот на Холандија Јан Коп, во емисијата 360 степени, на телевизија Алсат М.

Иако повеќето земји-членки го поддржуваа барањето на Македонија и Албанија за почнување преговори за ЕУ, Франција и Холандија сакаа целосен ремонт на процесот на проширување пред да почнат преговорите со двете земји.

Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“, се вели во нацрт-коминикето на министерскиот состанок во Луксембург. 

„Тука не се работи за тоа дали овие земји се подготвени да влезат во ЕУ, туку дали ги исполнуваат условите за почеток на преговори. Некои земји членки сметаат дека такви услови нема. Јас мислам дека е тоа историска грешка“, оцени претседателот на ЕК во заминување Жан Клод Јункер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести