На почетокот сметаш дека тоа ќе ти донесе нешто, со текот на времето и ќе се навикнеш, но на крај ќе сфатиш дека само губиш време.

Објавил: Македонка Димкин | 10 мај, 2019 0:38

Животот почнува дури тогаш откако ќе престанеш да им угодуваш на другите

Фото/Текст извор: ©fakulteti.mk

Го губиш своето „јас“ за да задоволиш илјадници други што никогаш нема да се отворат пред тебе, кои никогаш за тебе нема да го направат истото. Кога ќе влезеш во тој маѓепсан круг, на крајот сфаќаш дека си врзан за размислувањето на другите, дури и си зависен од него.

Животот почнува дури откако ќе престанеш да им угодуваш на другите. На почетокот сметаш дека тие луѓе се грижат за тебе, но со текот на времето со однесувањето ќе ти покажат колку навистина се грижеле за тебе.

Не мораш да ги задржиш сите луѓе што си ги сретнал во животот, само задржи ги својата единственост и оригиналност и оние вистинските ќе останат покрај тебе.

Така почнуваш да ги губиш своите соништа затоа што мораш да се приспособиш на нивните, ги губиш своите првични чувства затоа што не смееш да ги повредиш нивните, го губиш својот став затоа што не смееш да им се спротивставиш на нивните, па на крај се прашуваш зошто си несреќен.

Животот почнува дури тогаш кога ќе престанеш да им угодуваш на другите. Но треба да се дојде до тоа, а понекогаш ќе помине половина живот додека ја сфатиш таа едноставна вистина, па ќе се прашуваш зошто не си го разбрал тоа порано. 

Можеби си мислел дека тоа го правиш затоа што си човек со големо срце, па треба да им помагаш на другите, но на крај сфаќаш дека помагањето не е исполнување на нечии барања и желби, и дека им е сеедно за тоа што го правиш, па ако ти не сакаш, ќе најдат нова жртва.

Треба еднаш да се почне со гледање на самиот себе, да се размислува од перспектива на сопственото срце.Дури кога ќе почнеш да се почитуваш себеси, ќе можеш да ги почитуваш и другите.

Побарај ја својата среќа во можностите што ти ги нуди животот, давајќи си шанса секој ден да почнеш од почеток, без оглед колку грешки си направил вчера.Не мораш да ги задржиш сите луѓе што си ги сретнал во животот, само задржи ги својата единственост и оригиналност и оние вистинските ќе останат покрај тебе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...