Премиерот рече дека „Еуро никел” денес повторно е успешна приказна и го задржува приматот што го имаше долги години како најголем извозник на феро никел од Република Македонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 март, 2019 21:00

Заев го спаси комбинатот „Фени„ од стечај – Министрите се китат со туѓи перја

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во „Еуро никел” беше завршена најуспешната стечајна постапка во историјата на државата, рече премиерот Зоран Заев при посетата на комбинатот „Фени”.

Премиерот Заев при посетата на комбинатот „Фени„ рече дека сега може слободно да се констатира дека се надминати сите кризи и затекнати проблеми и повеќе не постои ризик од банкрот со кој вистински се соочуваше компанијата.

Тој рече дека владата будно го следеше процесот на стечајната постапка од причини што овој комбинат е клучен за регионот, бидејќи вработува илјада граѓани на Република Македонија, кои егзистираат токму од работата на овој комбинат. Нагласи дека владата останува посветена на спроведување на реформите во правосудството како врвен приоритет на агендата.

Премиерот рече дека „Еуро никел” денес повторно е успешна приказна и го задржува приматот што го имаше долги години како најголем извозник на феро никел од Македонија и двигател на македонската економија.
 Вработените се задоволни и добиваат плата која ја надминува просечната нето плата во државата.

Долговите се исплаќаат, се отвораат нови работни места и компанијата продолжува да извезува на странските пазари и да влегува во нови инвестициски процеси. „Еуро никел” индустрија во моментов има 1.000 вработени и соработува со 200 локални компании. Швајцарската компанија „Џи сол” која е нов сопственик, изминатата година има вложено 90 милиони во комбинатот, рече премиерот.

– Но и затоа што е столб во креирањето на бруто домашниот производ и на еден начин е моторот на економскиот развој на нашата земја. За жал, несоодветното менаџирање и толерирање од институциите тогаш, ја доведоа егзистенцијата на овие семејства под знак прашалник. Но денес сум среќен затоа што работниците се заштитени и нивните работни места и работнички права. И продолжува со работа целиот комбинат, рече Заев. Затоа е исклучително важно, додаде, да функционира правната држава и владеење на правото, тоа е првата работа што ја очекуваат инвеститорите и бизнис заедницата.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека се стави крај на една голгота на сите вработени, и оти ова е најуспешно завршениот стечај и е гордост за сите институции во земјава.
– „Фени” е судбина на овој крај, на сите овие вработени и сум среќен денес што гледам среќни лица. Менаџментот планира дополнително да инвестира десетина милиони евра за пуштање во функција на новата печка. Тоа значи ново производство, зголемени производни резултати и нови вработувања за целиот крај.

За сите скептици, би рекол со скудни економски познавања, кои покажаа сомнеж каде се 624 милиони евра директни странски инвестиции во 2018 година во државата, мислам дека ова е најдобро место од каде може да го дадеме одговорот. Стотина милиони евра се зад нас во овој комбинат.

Исплатени се сите доверители, сите долгови, донесен е оперативен капитал во фабриката и сите до едно евро ќе бидат објаснети на македонската јавност. Со гордост можеме да кажеме дека ја движиме македонската економија во вистинска насока, дека не правиме стиропор економија, дека правиме економија на реални бројка, нагласи Анѓушев.

Денеска е моментот, кога треба да се прашаме каде е одговорноста на сите тие субјекти кои година и пол ја дезинформираат јавноста за несоодветно мешање на Владата во овој процес.

– Владата будно го следеше процесот на стечајната постапка од причини што овој комбинат е клучен за регионот, бидејќи вработува илјада наши граѓани кои егзистираат токму од работата на овој комбинат, рече премиерот Заев.

– Не Владата, туку институциите на системот го одбранија „Фени” од сите оние кои имаа намера да ја претворат оваа фабрика во старо железо. Институциите го одбранија регионот од она што била намерата на неодговорната власт која што дозволила десетици милиони евра да излезат од тука, туку и помагала во сето тоа. За сето има инстиутуции кои ќе се занимаваат со тоа.

Оваа Влада покрај што има капацитет да охрабрува странски инвеститори да доаѓаат во државата, да го гарантира владеењето на правото, да гарантира стабилност на државата, таа има обврска и сите институции да си ги завршуваат своите надлежности. Јас им честитам на институциите што го одбранија „Фени”, рече вицепремиерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести