Заев отстапи од Договорот и сега сака гаранции од ВМРО - ДПМНЕ дека нема да има бојкот

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 јули, 2018 6:48

Заев го услови изборот на ДИК

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако се постигна политички договор сепак не се избраа членови на ДИК. Синоќа во Собранието на Република Македонија се чекаше до 1 часот по полноќ. Потоа процесот за избор на членови на Државната изборна комисија се одложи за денес. Талат Џафери ни три часа по известувањето не испрати известување до Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Пратеникот Илија Димовски кој е претседател на комисијата се сомнева дека се работи за уште едно премислување во ставовите на Заев.

Комисијата за прашања за изборите и именувањата по Договорот одржа седница во 19 часот. На истата беше утрдено дека на огласот за членови на Државната изборна комисија има пријавено не 41 туку 47 кандидати. Списокот беше формално доставен до Џафери кој требаше да ги исвести партиите и да побара нивно изјаснување кои кандидати за членови за ДИК тие ги предлагаат.

Доцна синоќа партиите и законодавниот дом изјавија дека поради неусогласените ставови за Законот за Влада и Законот за финансирање на партиите нема да има седница на Комисијата за избори и именувања. Законските измени немаат врска со изборот на членови на ДИК па очигледно е дека во текот на денот Заев ќе ги побара по втор пат вчерашните гаранции од ВМРО – ДПМНЕ дека ќе го поддржи Референдумот и ќе го повика членството и симпатизерите да гласаат на него по слободна волја но дека нема да повика на бојкот.

Провладините медиуми лиферуваат со информации дека се запрело со Законот за финансирање на политичките партии каде од ВМРО – ДПМНЕ во делот за одредбите за казни побарале измени на одредби од Кривичниот законик со што сега препишани казни затвор ќе бидат парични казни. СДСМ смета дека тоа е туркање на амнестијата на мала врата додека Мицкоски е јасен дека за амнестија ни се помислило ни станало збор.

Официјално премиерот Заев синоќа беше во Мостар каде оствари средба и со премиерот Ципрас од каде најави дека денес ќе се решат сите договорени законски решенија и изборот на членови на Државната изборна комисија ќе биде завршен.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика