Веднаш по средбата Тачи ја прифати постизборната коалиција со СДСМ, а по се изгледа и ја добил оваа институција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2020 10:39

Заев договорил коалиција со Тачи, на Ахмети му порача: Со 15 пратеници не се добива премиер!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Лидер.мк

Вчера албанскиот портал Газета Експрес, објави детали од средбата на Зоран Заев и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Како што беше објавено, наводно Мендух Тачи на оваа средба од Зоран Заев ја побарал финансовата полиција. Тој посочил дека оваа институција ќе му служи за истражување на трансферите на пари од Иран и Катар.

Веднаш по средбата Тачи ја прифати постизборната коалиција со СДСМ, а по се изгледа и ја добил оваа институција.

Имено на престојните избори, ДПА освои 1 пратеник.

Инаку по кусата средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, Зоран Заев се сретнал и со претседателите на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на Алтернатива Африм Гаши.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев претходно истакна дека ги почнува консултациите со партиите на Албанците околу составување парламентарно мнозинство и формирање на идната Влада.

Заев вчера во изјава за медиумите се обрати и до лидерот на ДУИ, со кој исто така оствари средба и рече дека ќе ги чуе идеите на ДУИ околу предлогот за ротација на премиерската позиција, но укажа дека на државата и е потребен премиер кој што ќе се зафати да работи.

-Не ни треба премиер кој ќе остварува политички агенди. Треба да размислуваме за премиер и министри кои ќе работат за државата и за граѓаните. СДСМ никогаш немал проблем со определбата на кој било кандидат, за која било функција во државата, но за премиер треба да се имаат бројки. Со 15 пратеници, премиер не се добива, рече Заев.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести