Миле Јанакиески, штрајкува со глад во истражното оделение во „Шутка“ каде што се наоѓа во притвор за новиот предмет на јавното обвинителство во кој тој е еден од осомничените за злоупотреба при оттуѓување на државно градежно земјиште.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јули, 2019 19:31

Заев: Жалам што Јанакиески е во притвор, но нема да се мешам во работата на судството

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По 12 дневниот штрајк на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој во моментот се наоѓа во притвор во затворот во Шутка, премиерот Заев изјави дека жали што поранешниот министер е во притвор но вели дека  лично нема да се меша во судските одлуки,пренесува СИТЕЛ ТВ.

Миле Јанакиевски во периодот од 28 август 2006 до 13 мај 2015 ја извршувал функцијата Министер за транспорт и врски на Република Македонија.

Заев вели дека според него мерката притвор треба да се користи единствено како крајна мерка.

– Жалам што се користи притворот затоа што има други механизми на обезбедување на осомничено ии обвинето лице. Немам намера да интервенирам, првиот момент кога ќе интервенирам сме уништиле се во државата“, вели Заев.

Премиерот Заев посочи дека со Јанакивски имал одлична соработка во време кога тој бил градоначалник на Струмица.

Миле Јанакиески, штрајкува со глад во истражното оделение во „Шутка“ каде што се наоѓа во притвор за новиот предмет на јавното обвинителство во кој тој е еден од осомничените за злоупотреба при оттуѓување на државно градежно земјиште.

Јанакиевски претходно беше приведен во својот дом каде издржуваше мерка куќен притвор за друго дело. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести