Денеска денот е за дружење со децата. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица!

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2021 14:43

Заев и Филипче со децата се релаксираат на Беласица: Бесценети мигови со нашите синови(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со синот Иво и премиерот Заев со неговиот син Душко денот го поминаа на Беласица!

Времето кое го поминуваме со децата е најважно.

Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко.

Денеска денот е за дружење со децата. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица, напиша на фејсбук министерот Филипче!

Неврохирургот д-р Венко Филипче е оженет  и татко е на еден син кој е девето одделение! 

Премиерот Зоран Заев уште еднаш покажа дека е страстен љубител на квадрициклите и планинарењето!

Тој минатата година објави фотографии од прошетка на Беласица заедно со неговиот син Душко.

„Прекрасно е по ридовите за време на пролетта!“ напиша премиерот на фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.