„Шарената револуција“ беше еден од најголемите и најактуелните настани кој ја одбележаа 2016 година во Република Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 27 февруари, 2019 19:36

Заев : „И јас платив слична казна за фрлање на боја, како Најчевска„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека и тој платил слична казна, за фрлање на бои на протестите на Шарената револуција.

„Шарената револуција“ беше еден од најголемите и најактуелните настани кој ја одбележаа 2016 година во Република Македонија. 

Многу активисти и симпатизери на СДСМ беа активни во протестите, како и сегашни членови на владата на Република Македонија.

Тие учествуваа во протестите и фрлаа боја насекаде низ значајните знаменитости во Скопје. Една од нив беше и универзитетската професорка и активист за човекови права Мирјана Најчевска на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека ќе треба да плати 200 евра за фрлање боја на објекти, во државна сопственост за време на шарената револуција.

Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека во тоа време таа била одговорна за фрлање на боја.

Освен Најчевска и Заев во фрлањето на боја учествуваше и министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска, која за сега не знае дали ја исплатила казната. 

Заедно со премиерот Заев во фрлањето на боја учествуваа и Министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

Примерот Заев на војот Фејсбук профил напиша дека и тој има исплатено слична казна за фрлање на боја на протестите, на Шарената револуција во 2016 година.

Претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни од Шарената револуција и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со целосно почитување на судската власт, но и почитување на демократските принципи и интегритетот на граѓаните.
Прекршоците со фрлањето боја во времето на протестното движење ги правевме свесно, знаејќи ја цената на казната, но со повисока цел – слобода и ослободување на институциите.
Слична казна за фрлање боја веќе платив и јас лично.
Ќе разговараме со граѓаните за решенија кои ќе ја чуваат честа на граѓанскиот активизам и лично како граѓани ќе ги поддржиме солидарните иницијативи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...