„Ред е да се соочиме и да расчистиме, да го видиме на дело тоа толку многу најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја падне оваа Влада. Ова е моментот кога ќе им покажеме на граѓаните колку има вистина во зборовите на опозицијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 март, 2021 6:36

Заев Собранието ѝ изгласа доверба на Владата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Собранието на Република Македонија вчера изгласа доверба за Владата со мнозинство од 62 пратеници откако премиерот Зоран Заев се повика на член 93 став 1 од Уставот кој што вели Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието, како и на член 217 став 2 од деловникот на работа на парламентот.

„Ред е да се соочиме и да расчистиме, да го видиме на дело тоа толку многу најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја падне оваа Влада. Ова е моментот кога ќе им покажеме на граѓаните колку има вистина во зборовите на опозицијата.

Ова е моментот да видиме за што всушност станува збор, за стабилна власт со стабилно парламентарно мнозинство или за разнишана опозиција. Мора да е едното од двете, ако не и двете заедно“, истакна претседателот на Владата Заев во барањето да се гласа за доверба на Владата.

Примерот Заев нагласи дека заедно со сите обиди за опструкции и блокади од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните секој ден се изложени на лажни вести и дезинформации за некакво ново непостоечко мнозинство, за некоја нова нестабилност и дека тоа се прави само поради внатрепартиски цели во ВМРО-ДПМНЕ.

Упорно се пласираат лаги со цел да се создаде перцепција на несигурност кај граѓаните, на неизвесност за економијата. Сепак, како и секогаш, вистината е најсилното оружје против лагите, лажните вести и невистините. Парламентарното мнозинство, јас, Владата и коалицијата нема да дозволиме неизвесност, несигурност, сопки, блокади и опструкции. Во име на сето претходно кажано, во име на вистината ја преземам одговорноста и обврската пред граѓаните согласно член 93 став 1 од Уставот и член 217 став 2 од деловникот на Собранието да побарам изјаснување на Собранието за доверба на Владата“, потенцираше премиерот Заев во завршницата на својот предлог за гласањето доверба на Владата да биде ставено на дневен ред на седницата на Собранието.

Непосредно пред гласањето, претседателот на Владата Заев од собраниската говорница детално ги образложи причините за ова негово барање.

Обраќањето на премиерот ви го пренесуваме во целост:

Како што претходно реков, денеска одлучив да излезам пред вас пратениците во македонскиот парламент и да се повикам на ставот 1 од членот 93 од Уставот и на ставот 2 од членот 217 од деловникот за работа на Собранието и да побарам од вас пратениците од Собранието да гласате за доверба на Владата.

Ставот 2 од членот 217 од деловникот за работа на Собранието ми овозможува да ви се обратам и да ви ги образложам причините и аргументите зошто го преземам овој чекор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести