Премиерот и претседател на СДСМ, Заев веќе не крие дека со Јанчев и Тодоров ортачеле и за првото гласање за уставни промени а ортачат и за финалната фаза од уставните измени

Објавил: Мартин Попоски | 27 ноември, 2018 12:50

Заев со Јанчев и Тодоров разговарал за (от)куп на нови пратеници?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот и претседател на СДСМ, ја потврди т.н. тајна средба со поранешниот потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ Јанчев и адвокатот Тодоров на која разговарале на актуелни политички теми.

Премиерот на маргините на регионалниот форум  одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека верува оти јасно изразената одговорност од страна на Никола Тодоров и градоначалникот Митко Јанчев може да охрабри одредени пратеници кои што „знаат кој е исправниот чекор, а се уште немаат доволно храброст да го направат тој чекор“.

Навистина ќе сторам се за рализирање на овој процес, имаме максимална консолидација во општеството во врска со ова исклучително важно прашање за Република Македонија, а тоа се уставните амандмани. Уште во првата фаза имавме инклузивен процес. Верувам дека и оваа фаза, која завршува со пленарната седница, која ќе почне на 1 декември, ќе биде таква, а посебно во последната фаза, кога ќе помине јавната дебата и ќе бидат конечни амандманите со нивното амандмирање, односно нови амандамни на самите амандамни. – рече Заев.

Изрази верување дека бројката од 80 пратеници може да се зголеми.

Таа бројка од 80, која беше овозможена при првото гласање беше само за тогаш и никој не може да каже дека таа бројка ќе опстојува. Јас искрено се надевам дека бројката ќе расте. – рече Заев.

Иако се исклучени од партиските органи, Заев верува дека тие имаат влијание во партијата, и покрај промените во позициите тие сепак се чувствуваат како дел од ВМРО – ДПМНЕ и затоа ги повикал на кафе во Струмица.

Истакна дека со задоволство би учествувал на Координативното тело, нагласувајќи оти тој е иницијаторот на процесот на помирување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести