Премиерот рече дека прифаќа ТВ дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дека тоа може да го реализираат во секое време и колку пати што е потребно.

Објавил: admin@magazin | 28 ноември, 2019 20:52

ЗАЕВ УВЕРЕН ДО КОСКА : На изборите во април ќе победиме со разлика од 60.000 до 120.000 илјади гласови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На следните избори јас ќе бидам кандидат за премиер, во последните две години донесовме историски одлуки за нашата држава и немам дилеми дали ќе победиме, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев денеска во собранието изјави дека прифаќа ТВ дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дека тоа може да го реализираат во секое време. По победата вели Заев ќе се посветат на внатрешните трансформативни процеси кои ќе се случуваат и низ поглавјата на економските прашања.

Тој рече дека на следните избори коалицијата предводена од СДСМ ќе победи со разлика од 60.000 до 120.000 гласови.

-Немам мака, затоа што во вакви околности, со вакви политики, со интегрирана држава, пријател со сите соседи, поддржана од целиот свет, имаме апсолутно сериозно очекување да имаме убава разлика, убава победа на која ќе се радуваме да добиеме цел мандат после две ипол години да добиеме четири години.

По победата ќе се посветиме на внатрешните трансформативни процеси кои ќе се случуваат и низ поглавјата, на економските прашања кои што покажаа резултати паралелно кога се одлучуваа големите историски прашања за државата, со целиот политички ризик, по сите кои поддржаа големи политики како членството во НАТО и почетокот на преговорите за Европската унија.

Тоа за мене се историски моменти кои историјата ќе ги бележи, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.