Тој голем успех одеднаш и падна во вода кога Тамара прифати да пее на Денот на независноста во американската амбасада во Скопје.

Објавил: Весна Петровска | 10 декември, 2019 18:09

ЗАРОБЕНА ВО ЧЕТИРИ ЅИДА: Животот ми стана пекол – КОНЕЧНО ПРОЗБОРЕ Тамара за погрешно испеаната химна

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонската пејачка Тамара Тодевска оваа година имаше успешна но и тешка година. Таа оваа година беше преставничка на Македонија на овогодинешниот Евросонг каде се котираше на второто место што е и најдоброто осовено место во историјата откако ние сме дел од тоа музичко натпреварување.

Тој голем успех одеднаш и падна во вода кога Тамара прифати да пее на Денот на независноста во американската амбасада во Скопје. Тамара таму ја пееше македонската химна но со своја „верзија“ во која ги исфрли стиховите во кои се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули и Јане Сандаски.

Од тој ден Тамара го имаше најтешкиот период бидејќи беше „линчувана“ од целиот македонски народ поради навредата која тој ја почувствува. 

Таа конечно реши после долг период да раскаже како се чувствувала и зошто тоа го направила:

„Беше ненамерна грешка и омразата започна. Ме мразеа толку многу! Тоа беше период кога требаше да бидам среќна, горда на себе, а јас бев затворена помеѓу четири ѕида. Се прашував што се случи… На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е прв пат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија се, само по два месеци! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“ кажа Тамара и првпат проговори на оваа тема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...