Захариева вели дека кога го видела предлогот прашала дали е шега.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јуни, 2019 11:48

Захариева: Заев во Бугарија го славеше родниот датум на Гоце Делчев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Револуционерот Гоце Делчев предизвика тензии помеѓу Македонија и соседна Бугарија, од каде тврдат дека тој е бугарин.

Екатерина Спасова Гечева-Захариева (родена на 8 август 1975 година) — бугарски политичар која од 4 мај 2017 година ја извршува функцијата министер за надворешни работи на Бугарија.

Во 1946 година на 7 ми октомври Бугарија и ги предала на Македонија моштите на Гоце Делчев по што македонската страна предложи на Бугарија тоа да биде ден кога Делчев заеднички ќе се чествува во двете држави, што предизвика тензии кај Бугарската страна. 

Захариева вели дека кога го видела предлогот прашала дали е шега.

– Ние не сакаме ништо повеќе од вистината. Нема што да се прават компромиси, Тоа Гоце Делчев самиот си има кажано што е – Бугарин е. Го напишал десетици пати, вели таа и додава дека целата идеја за македонската нација е создадена на основата на разделување од Бугарија, Да не заборавиме дека премиерот Зоран Заев на 4 февруари, на родената дата на Гоце Делчев, беше тука за заедно да го чествуваат денот кога е роден Гоце Делчев со нашиот премиер. Повеќето Бугари го немаат слушнато тој датум, бидејќи ние се обидуваме да го заборавиме, бидејќи тоа е едно од најголемите предавства кои и се извршени на Бугарија.

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, рече дека овој датум, кој ја одбележува годишнината кога Бугарија и ги предала на Македонија останките на револуционерот, за неа е сосема неприфатлив бидејќи, се поврзува со Коминтерната и со Тито.

Според Министерката за надворешни работи на Бугарија, предавањето на коските на Гоце Делчев, е едно од најголемите предавства кон Бугарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести