Времена мерка притвор од 30 дена, им определи судот на двајца осомничени за убиството во Куманово, се додека не се покренат соодветни кривични пријави

Објавил: Перо Милчин | 2 ноември, 2018 12:35

За двајца осомничени, притвор по убиството во Куманово

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На две лица кои учествувале во вооружената престрелка во Куманово во која едно лице беше убиено, судот им определи мерка притвор од 30 дена.

Од судот додаваат дека покрај двајцата осомничени и други седум лица кои учествувале во претрелката се гонат за кривично дело „насилство“.

Двајцата осомничени се гонат за сторено кривично дело ‘убиство’.

Јавниот обвинител ценеше дека за обезбедување присуство на двајцата осомничени, како и заради натамошно обезбедување на непречен тек на постапката има потреба од определување мерка притвор.

Затоа до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово достави предлог кој со Решение е прифатен од страна на судот и за двајцата осомничени е определен притвор во времетраење од 30 дена“, истакнаа од обвинителството.

Во средата на 31 октомври 2018 година на улицата Тоде Мендол во кумановската Дива населбасе случи престрелка која беше последица на нарушени меѓучовечки односи меѓу две семејства.

По употреба на огнено и ладно оружје, едно лице го загуби животот, а друго се здоби со убодни рани од нож. Во престрелката учествуваа девет лица, но се преземаат дејствија за утврдување на евентуално учество и на други, засега непознати лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести