Ние денеска ќе продолжиме со нашите акции на секој можен план, рече Баша, во кој најавува блокади на патови во Тирана.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 мај, 2019 1:39

ТИРАНА ЌЕ ГОРИ – За денеска е најавено крвопролевање на улиците во Тирана !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска во 18 часот сите главни правци во Албанија, кои се поврзани со Тирана ќе бидат блокирани.

Лидерот на албанската опозициона партија Луљзим Баша после состанокот со претседателката на Социјалистичката партија за интеграција Моника Круемади, најави радикализација на активностите на заедничката опозиција.

Како што најави тој, денеска во 18 часот сите главни патни правци во Албанија, кои се поврзани со Тирана ќе бидат блокирани.

Ескалираа масовните антивладини протести во Тирана. На последните протести шестмина беа повредени во судирите со полицијата, која со солзавец и водени топови се обидуваше да ги смири и врати назад, откако насилно се обидоа да го пробијат кордонот пред Владата.

Ние сме во длабока политичка, економска и социјална криза и постана јасно дека во последниве 24 часа, земјава е во комплетна криза во најзначајниот процес за Албанија, односно во процесот на европските интеграции. Ние денеска ќе продолжиме со нашите акции на секој можен план, рече Баша, во кој најавува блокади на патишта во Тирана.

Ќе разговараме и за нашата платформа која ќе ја претставиме на Албанците, и порача дека никакви ставови не се променети. За денеска ги најавуваме најжестоките протести до сега, изјави тој.

Американската амбасада во Тирана ги повика своите државјани во Албанија да бидат внимателни и да избегнуваат присуство во зоните каде ќе се собираат демонстрантите.

Во соопштението од организаторите, се наведуваат локациите каде ќе се собираат и маршрутата по која ќе се движат демонстрантите, главното место (пред Владата) на протестот, кој како што наведува лидерот „ ќе почне во 18:00 часот, но не се знае кога ќе заврши“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести