Во Општината се купувале кроасани „7 дејс“, влажни марамчиња, мирисливи свеќи од лаванда, ванила, креми за раце, банани, ананас и друго.

Објавил: Мате Парлоф | 16 јануари, 2019 15:56

За суџук во Арачиново

Фото/Текст извор: ©магазин

Арачиново сеуште не добило канализација, но општината редовно добивала фактури за решо, чајник, калап за мафини и босански суџук. Ова се дел од работите што градоначалничката на Општина Арачиново, Милкие Халими, ги купувала со буџетот за репрезентација, кој најчесто е предвиден за службени ручеци и посети на странски делегации.

До ноември минатата година Општинтаа Арачиново потрошила цели 7 илјади евра во угостителски објекти и кафеани, но повеќето од трошоците немаат допирна точка со репрезентација. Па, така, редовно во Општината се купувале кроасани „7 дејс“, влажни марамчиња, мирисливи свеќи од лаванда, ванила, креми за раце, банани, ананас и друго.

Зоран Заев и Мухамед Зеќири беа главните промотори на градоначалничката Милкие Халими, која беше кандидирана од страна на СДСМ под паролата “За Живот“ во рачиново. Но, работата испадна, ЗА босански суџук!?

Ваквото чудно трошење на буџетските средства не застанува тука, туку општината решила да се поднови и во делот на домаќинството – минатата година во јануари Арачиново се подновило со решо, дрвена лажица, чајник, тацни и лажици за чај, калап за печење мафини и 5 алуминиумски овали. Веројатно ова е буквално за живот, според слоганот на СДСМ!?

Поттикнати од ваквите информации на социјалните мрежи почнаа да се шират карикатурални фотографии од градоначалничката Милкие, со аплициран суџук на нејзината предизборна плаката. Во меѓувреме жителите на оваа општина сеуште не ја добиле ветената канализација и сеуште имаат сериозен проблем со големата дива депонија за ѓубре во близина на Арачиново.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...