Убави писанија за Манастирот Св. Јован Бигорски (Manastiri Shen Mbiguri), кој преживеа 1.000 години и „случајно изгоре” во 2009, посебно библиотеката и архивата со историски записи.

Објавил: Владо Марин | 19 октомври, 2020 6:07

ЗЕКОЛИ: Бигорскиот манастир до 1945 г. бил дел од Албанската православна црква

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчера манасторот Свети Јован Бигорски славеше 1.000 години од постоењето, а поранешниот амбасадор, Арсим Зеколи вели дека манастирот до крајот на Втората светска војна бил под јурисдикција на Албанската православна црква.

Убави писанија за Манастирот Св. Јован Бигорски (Manastiri Shen Mbiguri), кој преживеа 1.000 години и „случајно изгоре” во 2009, посебно библиотеката и архивата со историски записи.

Она што недостасува во овие писанија е фактот што до 1945 бил дел од Албанската православна црква, пишува Зеколи.

Македонското светилиште Бигорскиот манастир вчера со централна прослава одбележа 1000 години од основањето.

– Бигорски е нашиот победник над времето и над вековите наша гордост што трае зошто од љубовта кон него и од љубовта од него израсна во неисцрплив вруток во наш духовен горостас и наш најдобар црковен репрезент истакна во своето обраќање архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

– Токму во вакви моменти на растечка недоверба меѓу луѓето страв и неизвесност од непознатото многу нашите сограѓани бараат мир ,утеха и надеж токму на oва место. За многу страдалници од различни генерации, различни држави и различни идеологии и религии Бигорскиот манастир претставува духовно засолниште потенцира претстедателот Стево Пендаровски.

Архиепископот доби и највисоко милениумско признание на Бигорскиот манастир-лента со ѕвезда со ликот на чесниот Претеча.

Свеченоста почна завчера со вечерна литургија, а продолжи вчера на отворено, во предворјето на манастирот кој слави илјада лета!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести