Тој во притвор во затворот „Скопје” во Шуто Оризари заврши на 9 април како осомничен во истрага што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Објавил: admin@magazin | 5 мај, 2022 18:35

Зеќири доби нови 30 дена притвор

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Тој во притвор во затворот „Скопје” во Шуто Оризари заврши на 9 април како осомничен во истрага што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за злоупотреба на службената положба и овластувања!

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, доби нови 30 дена притвор, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје.

Тој во притвор во затворот „Скопје” во Шуто Оризари заврши на 9 април како осомничен во истрага што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Во истрагата со поранешниот генерален секретар на Владата осомничени се и двајца хрватски државјани. Случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Северна Македонија“.

Обвинителството го сомничи генералниот секретар оти во периодот од април 2021 до јануари 2022 г., без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести