Потпретседателот на СДСМ и актуелен пратеник, Мухамед Зеќири, во ТВ гостување јасно посочи дека референдумот пропаднал поради инертноста на албанските политички партии

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 12:44

Зеќири: Референдумот пропадна поради Албанците

Фото/Текст извор: ©република.мк

Потпретседателот на владејачката партија СДСМ и пратеник во Собранието на Македонија, Мухамед Зекири јавно посочи поради кој пропаднал референдумот.

Зеќири, упати остри критики до сите албански партии дека тие не се ангажирале максимално за време на референдумскиот процес, да го мобилизираат целото албанско гласачко тело да излези на гласање на референдумскиот ден, а со тоа и да помогнат за успех на референдумот.

Јавноста и граѓаните знаат кои не беа активни. Ниту една од албанските партии не го даде максимумот. Ниту ДУИ, ниту Алијансата, а ни БЕСА и ДПА не го дадоа максимумот. Требаше да излезат албански гласачи толку колку што се 260 илјади, а знаеме дека на референдумот не излегоа повеќе од 200 илјади – рече потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќкири синоќа во емисијата “Click Plus” на ТВ 21.

Одговарајќи на прашањето на водителот зошто им ја префрла вината на албанските партии дека не си ја завршиле работата, Зеќири одговата дека бројките се јасни.

Може да анализирате добро, може да се видат бројките и многу лесно се стигнува до бројот на тие што излегоа. Делувањето на партиските активисти за време на референдумскиот процес се разликуваше од делувањето за време на изборните процеси. Ова не се однесува за СДСМ, зборувам за албанските политички партии – вели Зеќири.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести