Премиерот Зоран Заев категорично е на чело на СЈО да остане Катица Јанева

Објавил: Узунов Бобан | 20 март, 2019 9:10

Зоран Заев: Катица е институција, нема шанси да ја сменам !

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Зоран Заев во интервју за МИА, смета дека вака поставенота законска уреденост на Специјалното јавно обвинителство е добра и дека неговата инкорпорирање во редовното обвинителство ќе значи дека ќе ја гони и сегашната власт.

Тој  истакна дека прашањето дали да остане Катица Јанева на чело на СЈО е институционално прашање и е трошката надеж за враќање на правната држава. 

Кој сум јас и кој е Христијан Мицкоски да кажуваме кои обвинители треба да бидат избрани, а кои не, кога во Македонија има Совет на јавни обвинители и таму е изборот на оваа обвинителска власт, одговори Заев на прашање дали смее на политичка партија да ѝ се допаѓаат обвинители или не. 

На прашањето дали е подготвен да ја смени Катица Јанева тој одговaра: 

Апсолутно не. Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време. Треба да ги поддржиме нивните капацитети. Јас ги слушам и критиките од опозицијата, и не дека немам разбирање за нив, но предностите на вака создадена институција, со овие луѓе е навистина голема предност за Северна Македонија.


Ако Зоран Заев пред неколку дена изјави дека кој е тој и Христијан Мицкоски да кажуваат кои да бидат обвинители во Македонија, легитимно се поставува прашањето зошто премиерот грчевито се бори Катица Јанева да остане на чело на СЈО ?  Ако добро знае дека истата е со нарушен легитимитет кај опозицијата, дали смета дека таков човек може да влева доверба кај граѓаните за владеење на правото и функционрањето на правната држава ? 

Дополнително, дали со продолжувањето на мандатот на Катица Јанева, Зоран Заев сака да се обезбеди заштита од евентиално кривично гонење против него имајќи предвид дека надлежностите на СЈО ќе бидат гонење на кривични дела извршени од високи фунцкионери ?


Во однос на преговорите со опозицијата Заев смета дека е подготвен да разговара за секое аргументирано прашање. 

Јас сум флексибилен човек кој знае дека двете страни треба да имаат разбирање една за друга, но тоа да не биде на штета на државата, на институциите на системот. Подготвен сум да разговарам со опозицијата за секое аргументирано прашање. Драго ми е што почнаа разговорите, знам дека до крајот на оваа недела веќе ќе има конкретни писмени материјали околу некои предлози, верувам дека е можно навремено да го донесеме Законот за јавно обвинителство, каде е инкорпорирано СЈО како создаден капацитет. Уште еднаш напоменувам, тоа јавно обвинителство веќе, како што е поставено и во новиот закон, ќе ја гони власта, сегашната власт. Тоа јавно обвинителство е капацитет кон кој ќе тежнеат и другите обвинителства, и материјален и финансиски и со опрема. Да дадеме шанса на еден ваков закон, и сите сме тука во државата со доверба кон институциите, да продолжиме да ги градиме реформите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести