Грчките историчари се гневни што од својата историја ќе треба да ги бришат "грчките монаси", браќата Кирил и Методиј, за кои негираат дека имаат старословенско потекло

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 10:04

Зошто ревизија на учебниците кога Грција не вика Македонија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Прашањето на кое има молк од владата на Заев е кој дал дозвола комисијата за ревизија на учебниците по историја да започне нема одговор, но затоа се огласија самите грчки историчари.

Имено ова е само еден мал дел од учебник, но не по историја туку по географија за гимназиски отсек од 1969 година, во кој нашата држава, иако во федерално делување во заедницата на СФР Југославија уредно е заведена како Македонија.

На мапите никаде не стои горна, долна, северна а најмалку грчка Македонија.

Воедно професорите кои ги ревидираат учебниците по историја потенцираат дека со нив, штета ќе има самата Грција, и тоа, Византискиот император Василиј II во грчките учебници да не се нарекува “Бугароубиецот”, бидејќи според грчките експерти е логично затоа што Скопјани во основа се Бугари а во најлиберално толкување мешавина т.е. бугаро – срби.

Воедно македонската страна побарала и разграничување на денешните Грци со древна Македонија како и да се разграничат тероториите Византија од Македонија.

Она што грците ги налутило е инсистирањето на сесловенските браќа Свети Кирил и Методиј да бидат признаени со своето Словенско потекло, што според Грција не е можно затоа што тие се двајца афтохтони грчки монаси.

Грција не сака да прифати дека во Северна Македонија во 1821 година имало Македонско востание но и дека по балканските војни не е ослободена грчка Македонија а да се признае дека е направено протерување на Македонците.

Грчките академици со радикални ставови особено се гневни на барањето да Александар и Филип II да се прогласат за антички херои но не и Грчки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести